Саудискиот принц ќе го подари целото богатство во хуманитарни цели

Еден од најбогатите луѓе во светот, саудискиот принц Ал-Валид бин Талал, изјави дека сите пари што ги поседува ќе ги донира во хуманитарни цели, пишува BBC. Станува збор за 32 милијарди долари.



60-годишниот принц, кој во моментот се наоѓа на 34 место на листата на најбогати луѓе во светот според магазинот Forbes, изјави дека бил инспириран од фондацијата Гејтс, која Бил Гејтс со сопругата Мелинда ја основа во 1997 година.

Донираните пари ќе бидат префрлени на сметка на хуманитарната организација Ал-Валид Филантропис и насочени кон иницијативи и проекти кои поттикнуваат разбирање и размена меѓу културите, јакнење на улогата на жената во општеството и слично.

Бил Гејтс ја поздрави оваа одлука.

„Ова е инспирација за сите нас, филантропи ширум светот“, рече Гејтс.

Принцот Ал-Валид бин Талал се наоѓа на чело на компанијата Kingdom Holding, а парите што ги донира се негово лично богатство.

Донацијата ќе се реализира во следните неколку години.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О