Хакерската група "Anonymous Korea", на својот профил на Твитер објавила дека "соборила" пет службени интернет страници на Северна Кореја, вклучувајќи ја и официјалната веб-страна на оваа земја, како и таа на Комитетот за надворешни односи.
Анонумус објавиле и листа на сите пет владини веб-страни кои не се во функција, а на Твитер може да се пронајдат под ознаката "Tangdown", додека овие хакерски напади се наречени "OpNorthKorea", односно "Операција Северна Кореја".