Венгер во јули ќе му гостува на нашиот Јакимовски


Фудбалерите на Арсенал на 22-ри јули во Јапонија ќе одиграат пријателски натпревар со екипата на Нагоја, за која од пред некое време настапува и македонскиот интернационалец Никола Јакимовски.

maks-500
Менаџерот на „Топџиите“, Арсен Венгер, со ова ќе добие прилика прв пат да го води лондонскиот премиерлигаш против својот поранешен клуб, бидејќи пред преселбата на Островот, 18 месеци седел на клупата на Нагоја.
maks1-500
Таборот за кој веќе некој период успешно настапува Јакимовски го предводи српската фудбалска легенда Драган Стојковиќ Пикси, а ќе ги пречека Англичаните на „Тојота стадионот“ со капацитет од 45 илјади гледачи. Ова ќе биде првото гостување на Арсенал во Јапонија уште од мај 1968-та година, кога лондонци одиграа четри средби во рамките на турнејата низ „земјата на изгрејсонцето“.
Сите во Арсенал едвај чекаат да ја посетат Јапонија во јули, во рамките на турнејата низ Азија. Јапонија и се разбира Нагоја се многу посебни за мене. Имам многу спомени од времето додека работев таму и со успех го раководев тимот, така што едвај чекам да дојде летото и да се видам со голем број добри пријатели“, вели Венгер.
arsen-500
Арсенал последните неколку сезони не блеска во Премиер лигата, нема освоено трофеј од далечната 2005-та година, па дури се зборуваше дека српскиот стратег Стојковиќ ќе го наследи на клупата на „Топџиите“. Ништо против немаше ниту францускиот стручњак.
Пикси е жива легенда во Јапонија, каде во 2010-та успеа да го надмине Венгер по бројот на победи, а од неодамна негова прва опција во нападот е повремениот младински репрезентативец на Македонија Никола Јакимовски. Во последното коло, тој запиша погодок и асистенција, со што беше најзаслужен за триумфот на Нагоја. Ова е негов втор гол по преселбата во Јапонија.
Францускиот стратег вели дека ќе биде уживање да се игра во Јапонија, затоа што луѓето таму го познаваат фудбалот, а турнејата ќе ја искористи и како подготовка за сезоната 2013/2014.
Покрај пресметката со Нагоја, Венгер и неговите избраници во Џакарта ќе одиграат пријателски меч и со селекцијата на Индонезија. Ова е трета последовна турнеја на „Топџиите“ низ Азија, по посетата на Кина во 2011 и во 2012-та година. Извор - Курир

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О