Попусто се израдува напаѓачот на Тотенхем Џермејн Дефо, неговата гордост дека станал татко траеше кратко.
Голгетерот на лондонскиот премиерлигаш бил доведен во заблуда дека детето кое на свет го донела девојката со која кратко се гледал е негово.
Како и да е, чувствата на радост и татковски занес кои за момент го погодиле, уште побрзо ги снемало, затоа што со тест за проверка на татковството било утврдено дека бебето воопшто не е на Дефо!
„Врз основа на тестот за утврдување на татковството, потврдено е дека Џермејн не е татко на момчето родено на 19-ти февруари“, соопшти портпаролот на екипата од „Вајт Харт Лејн“.
Кога Ен-Мари Мур пред некое време му соопштила дека е трудна, Дефо бил пресреќен. Веднаш по оваа новост најави дека ќе и пружи максимална поддршка на мајката, меѓутоа сега откако дознал дека детето всушност не е негово, се предомисли и се откажал од првобитната идеја.
„Ќе добијам син, затоа сакам да се потрудам да бидам подобар човек и да продолжам да го правам она кое што најдобро го знам. Ова е навистина фантастично. Секој кој има деца разбира за што зборувам. Тоа навистина целосно го менува човекот“, изјави пред некое време возбудениот Дефо, не можејќи ниту да замисли што го очекува подоцна.