Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ беше гостин во емисијата на „Големиот Брат“ и со една реченица која ја кажа, го занеми Балканот.
Тој повика за донација на осумгодишно девојче, на кому му е потребна трансплатација на срце.
Во студиото се појавил со транспарент со името и презимето на девојчето и жиро сметката, каде луѓето може да ги праќаат парите.
- Пред извесно време беше потребно да се соберат пари за операција на едно девојче, парите не се собрани и девојчето почина. Во овој момент ја имаме Тијана Огњановиќ на која и е потребна трансплатација на срце, сите одбија тоа да го направат освен еден доктор во Хјустон кој би ја направил операцијата, ама му се потребни милион долари, изјави Сергеј.
Револтиран од тоа како луѓето си ги трошат парите на СМС пораки, со цел да исфрлат некој од славните личности од реалните шоуа, актерот го критикуваше гласањето за реалните шоуа, како што е Фарма.
-Мислам дека тоа е многу покорисно отколку да ја гледате Станија како молзе кози или да гледате како некој мастурбирал. Јас ве повикувам да го исфрлите Сергеј Трифуновиќ од куќата. Но, не трошете пари, тој сам ќе си замине, кажа Сергеј.