Во последните неколку години во Македонија, возраста на која се
почнува со конзумирање дроги се намали на осум или девет години,
известува Дојче Веле - програма на македонски јазик.
Во Македонија на секои 18 часа има по еден нов корисник на дрога или
по 500 годишно. Официјално бројот на зависници е меѓу 10.300 и 10.900, а
експертите сметаат дека неофицијално тој број е до шест пати поголем.
Со дроги се започнува најчесто од љубопитство, од желбата за
докажување во друштвото, а се посега и во моменти на депресија или
целосен неуспех во животот. Некои од наркозависниците се од
дисфункциоанални семејства со најразлични семејни проблеми, најчесто
поради развод на родителите. Но, има и такви од поимотни, средени
семејства кои имаат сè во животот, но решаваат да земаат дрога.