Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо на својот профил на „Твитер“
објави фотографија од заедничкиот одмор со неговата девојка, руската
манекенка Ирина Шајк.
- Уживеме на одморот, напиша фудбалерот на мадридски „Реал“ под фотографијата која е снимена во текот на лет со приватен авион.
Злобниците тврдат дека со оваа фотографија Роналдо сака да ги побие
гласините оти неговата врска со Ирина е готова, откако бразилската
манекенка Андреса Урач изјави дека таа и португалскиот фудбалер „го
кршеле хотелскиот кревет“ само 48 часа пред полуфиналниот натпревар од
Лигата на шампионите на „Реал“ против „Борусија Дортмунд“.