„Веднаш по укажувањето на граѓаните им наложив на инспекторите да
излезат на терен и да видат што навистина се случува околу Плаја Виста.
Инспекторите му наложија на изведувачот СЕКТОР 909 веднаш да го
отстрани спорниот објект и да престане да врши реконструкција со
пренамена околу базенот.
Управителот Борче Гиновски до општина Центар испрати известување дека
по приемот на решението постапил веднаш и сам го отстранил објектот и
престанал да врши реконструкција на објектите околу базенот, самиот
базен и земјиштето и дека не е потребно од страна на Општината присислно
извршување.
Значи не е точно дека ги игнорирам одлуките на службите и на граѓаните.
Уште еднаш барам и апелирам загрижениот граѓанин кој што наводно има
информации околу овој предмет, да дојде во Општината и да ни ги изложи
фактите.
Уште еднаш го прашувам г-динот Лазаров, кои се тие наводно блиски
лица и бизнис интереси кои биле причина за оваа, како што вели,
дивоградба.
И ќе им порачам уште нешто, јас се што ветив пред да станам
градоначалник, тоа и го остварувам. За месец и половина остваривме многу
повеќе, отколку мојот претходник за четири години“, пишува во писмената
реакција на Андреј Жерновски, градоначалник на Центар.