Спонтаниот протест беше одговор на повик преку социјални мрежи: Испијте филџан кафе пред Народното собрание.
Во почетокот демонстрантите беа само пред службениот
влез и подоцна ја опколија зградата на парламентот изразувајќи
незадоволство кон пратениците кои се обидуваа да влезат во неа.
Парламентарците требаше да гласаат за структурни и
персонални промени во Кабинетот, меѓу кои и именување на Даниел Бобев за
втор потпретседател на Владата за стопанскиот сектор, странски
инвестиции и друго.
Потпретседателката на парламентот Маја Манолова беше
нападната со јајца и домати додека се обидуваше да им се обрати, а потоа
демонстрантите спречија пратениците да ја напуштат зградата иако
седницата е откажана до утре.
Околу 10.000 луѓе речиси секојдневно протестираат од 14 јуни по
контроверзното именување на медиумски магнат за шеф на бугарската
безбедносна агенција.