Од утре во градското кино Милениум, Светска војна З (WORLD WAR Z 3D)

Утревечер на 27.06.2013 година (четврток), во Градското кино Милениум, во 22:30 часот, премиерно ќе биде прикажана акционата хорор-драма во траење од 116 минути со Бред Пит (Brad Pitt) во главната улога, насловена како СВЕТСКА ВОЈНА З 3Д (WORLD WAR Z 3D).
Филмот е во режија на Марк Форстер (Marc Forster), а во поделата на улогите се најдоа и Мирела Енос (Mireille Enos); Данијела Кертец (Daniella Kertesz) и Џејмс Беџ Дејл (James Badge Dale).
По заканата од Зомбијева пандемија, Гери Лејн (Gerry Lane), вработен во Обединетите нации, ќе го води светот во временска битка против напаста која се заканува да го уништи човештвото. Дали ќе успее...? Филмот се најде на 2-то место на ТОП 10 листата на САД. Македонската компанија за продукција на визуелни ефекти и анимација ФХ3Х работеше на ефектите на „Светска Војна З“ како дел од тимот на MPC Technicolor од Лондон.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О