Германија го повикала американскиот амбасадор во Министерството
за надворешни работи во Берлин, поради објавените информации за
масивното шпионирање на Соединетите Американски Држави во ЕУ.
Канцеларката Ангела Меркел претходно рече дека ако бидат потврдени овие информации, тоа ќе биде „неприфатливо однесување во стилот на Студената војна“.
Портпаролот на Mеркел рече дека е потребно „обновување на довербата“ по објавувањето на информациите дека САД следат половина милијарда германски телефони и интернет-активности месечно.
„Ако се потврди дека дипломатските претставништва на Европската Унија и на посебните европски земји биле шпионирани, ние јасно ќе кажеме дека пријателите што прислушуваат се неприфатливи“, рекол портпаролот Штефен Зајберт.
„Ние веќе не сме во Студена војна“, додал Зајберт.
Германците претходно притискаа да се потпише американско-европски трговски договор, кој би го поттикнал економскиот развој. Меѓутоа, Зајберт сега истакнал дека „е неопходна заемна доверба за да дојде до договорот“.
Германскиот весник Шпигл во саботата објави дека американската Национална безбедносна агенција НСА ги прислушувала канцелариите на ЕУ во Брисел, Њујорк и Вашингтон. Информациите биле засновани на податоците што ги предал бегалецот на ЦИА Едвард Сноуден, за кој се верува дека сега се наоѓа на московскиот аеродром Шереметјево, чекајќи одговор на барањето за азил во Еквадор.