Денес беше изречена судската пресуда според која Бучковски беше осуден на три години затвор. Со него се осудени и Стамболиски,Нелко Менкиновски, Ацо Ѓурчиновски и Митре Петковски.
Имено, сите се осудени за
„злоупотреба на службената положба“. Тие исто така треба да вратат
оштетата која изнесува два милиони евра.
„Одлуката на судот е скандалозна,
судскиот процес се води шест години и продолжува тенденцијата за
додворување на судиите на авторитетите“ - изјави поранешниот премиер
Владо Бучковски.
„Нема ниеден доказ против мене,
Апелациониот суд даде насоки за ослободителна пресуда, меѓутоа а
судиката очигледно немаше храброст", додаде Бучковски. ВИДЕО