Каков леб да купите?

За лебот долго време се зборуваше дека е штетна нармирница во секоја диета, но експертите сега тврдат дека леботи може да биде и многу здрав.
Нутриционистката Ејни О’Конор тврди дека лебот исполнува повеќе од 10% од потребите за белковини, фолати и железо и дека има позитивна страна.
Лебот содржи многу влакна, но тоа важи само за оној интегралниот леб кој е богат со минерали и витамин Б.

Бојата не е некаков показател за квалитетот на лебот. Темниот леб често пати е обоен со карамел или вештачки бои, па луѓето се во заблуда дека е поздрав од белиот и дека не дебелее.

Лебот не дебелее ако се јаде во разумни количини, односно 200-300 грама на ден. Се дебелееме не од лебот, туку од она што мачкаме на лебот: путер, паштета, салама, мајонез и сл.


Внимавајте што јадете
Најчесто на лебот нема декларација, па не можеме да знаеме што точно има во него. Затоа треба да обрнете внимание на тоа од какво брашно е направен. Најмногу се препорачува лебот од ’рж кој содржи многу витамини и минерали, богат е со влакна па лесно се вари, а поради својот глихемиски индекс создава долготрајно чувство на ситост. Одличен е и лебот од овесно брашно, како и оној збогатен со семки и јаткасти плодови.

Бел леб

Белиот леб има најмала прехрамбена вредност и често содржи скриени количини шеќери и соли и има висок глихемиски индекс. Откако ќе изедеме една кришка бел леб, се покачува шеќерот во крвта па опаѓа, и поради тоа кратко трае чувството на ситост.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О