"Доколку се обиде Република Српска да се одвои, ќе има војна! Со оружје ќе ја браниме земјата!"

"Поделба на земјата сигурно ќе не носи во војна. Се може, за се може да разговараме, но за тоа дали БиХ ќе остане целосна, за тоа не може никако", изјавил Комшиќ.
Секој кој се грижи за Босна и Херцеговина ќе земе оружје и ќе ја брани државата доколку Република Српска се обиде да се одвои, изјавил претседателот Жељко Комшиќ во интервјуто кое денес го објавил сараевски "Ослободување".

Одговарајќи на прашањето што ќе случи доколку сегашниот претседател на Република Српска, Милорад Додиќ, навистина се обиде да ги реализира своите закани за одвојување на тој ентитет, Комшиќ изјавил дека во тој случај државата ќе ја бранат не само Босанците, туку и многу други, како и тој лично.

"Будала е тој што мисли дека нема да биде така доколку има обид за одвојување", изјавил Комшиќ и истакнал дека не се заборавило што се случувало во БиХ од 1992 до 1995 година.

"Поделба на земјата сигурно ќе не носи во војна. Тоа е лоша политика. Се може, за се може да разговараме, но за тоа дали БиХ ќе остане целосна, за тоа не може никако", изјавил Комшиќ.

Состојбата во земјата Комшиќ ја оценил како загрижувачка, но додал дека и тоа може да се реши.

Коментирајќи на сегашниот однос на меѓународната заедница кон БиХ, Комшиќ изјавил дека не постои "никаква смислена политика", туку само интерес од поединечни земји, кои не се врзани само за БиХ туку и за други земји.

"Мислам дека САД најмногу се грижи за нас. Или барем најчесно се грижи за нас", изјавил Комшиќ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О