Ќе се урива најголемата дивоградба на светот

Најголемата дивоградба на светот ќе замине во историјата. На Занг Бикинг му се дадени 15 дена да почне да ја отстранува дивоградбата, а во спротивно, тоа ќе го направат кинеските власти.

Неговиот мал рај, како што го нарече самиот, е распослан на 800 квадратни метри на 26-катница, на кои изградил вила со базен вградена меѓу вештачки карпи и дрва.

Професорот, инаку експерт по акупунктура, изрази вџашеност од медиумскиот интерес и најави дека ќе ја продолжи правната битка.

Останува нејасно како кинеските власти му дозволиле воопшто да почне да го гради ридот во центарот на Пекинг, за кој потрошил цели шест години.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О