Четириесет кралски питони пронајдени во хотелска соба

Канадските власти пронашле 40 кралски питони во пластични кутии во хотелска соба во Брантфорд, 100 километри југозападно од Торонто, објавила полицијата.
„Пронајдовме неколку пластични кутии со питони“ – соопштила полицијата.

Четириесетте влекачи, „долги од 30 до 140 сантиметри“, доделени се на Канадското друштво за заштита на животните под сомнеж дека биле злоупотребувани, додала полицијата истакнувајќи дека еден ветеринар е задолжен за следењето на нивната состојба.


Змиите припаѓаат на видот африкански кралски питон, и познати се како неопасни. Питоните биле во сопственост на еден канадски пар, кој зел соба во хотелот. Полицијата во Онтарио потсетила дека поседувањето на питони е противзаконско, и дека истрагата е во тек. Со неа треба да се утврди на кој начин овој пар набавил толкав голем број на змии.

Во Канада на 5 август друг питон, долг четири метри и тежок 45 килограми задави до смрт две момчиња додека спиеја. Двете деца биле браќа, едното на 7, а другото на 5-годишна возраст.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О