Во Индија уапсен еден од најбараните терористи во светот

На границата со Непал минатата ноќ беше уапсен еден од најбараните терористи во Индија, Абдул Карим Тунда, тесно поврзан со екстремистичката муслиманска група Laškar e Taiba или "Легија на правоверните" со седиште во Пакистан, соопшти денеска весникот "Тајмс оф Индија".
Терористот Тунда е меѓу првите 20 најопасни криминалци на листата на индиската полиција.
Тој е одговорен за 450 експлозии во Њу Делхи и Мумбај.

Тунда во 2001 година побегна од Индија во Бангладеш и се ширеа гласини дека загинал во Дака.

Меѓутоа набрзо се огласил од пакистанскиот град Лахоре каде има продавница. Во летото 2006 беше уапсен во Кенија каде подоцна избега од затворот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О