Литванците ослабени во Скопје, Лавринович и Јушкевичиус останаа дома

Официјална страна за Македонската репрезентација: Литванија ќе биде ослабена за утрешниот пријателски натпревар во Скопје против селекцијата на Македонија, откако беше обелоденето дека Кшиштоф Лавринович и Адо Јушкевичиус не се нашле на списокот на патници на литванската експедиција. Литванците ќе се обидат да ја продолжат серијата добри резултати во подготовките за Евробаскет 2013, откако во претходните четири контроли по два пати ги совладаа Белгија и Шведска. Сепак, стручниот штаб реши во Скопје да не се патува во комплетен состав, па на Лавринович и на Јушкевичиус им беше дозволено да останат во Литванија.



Причина за останувањето на крилниот центар е што тој очекува принова во семејството, па побарал од селекторот да му биде дозволено да биде крај својата сопруга Татјана. Што се однесува до Јушкевичиус, бекот на литванскиот национален тим се наоѓа пред заминување од Жалгирис и преселба во германскиот Еисбарен, па неговото барање било за да може да ги мине лекарските прегледи во новиот клуб и да го стави потписот на договорот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О