Nikon D7100 прогласен за најдобар апарат за 2013 година


Фотоапаратот Nikon D7100 е добитник на престижната награда „Европска камера на годината“ на овогодинешното доделување на ЕИСА 2013 за најдобар DSLR фотоапарат во DH формат.

ЕИСА – Европско здружение за графика и звук секоја година ги номинира најдобрите апарати во различни категории на аудиовизуелни производи претставени во Европа во изминатите 12 месеци.

Според ЕИСА жирито D7100 моментално е лидер на семејството фотоапарати Nikon во DH формат, бидејќи претставува комбинација на исклучителен квалитет на сликата и напредни функции. Неговиот APS-C сензор е дизајниран без оптички ниско-пропусни филтер, благодарение на што се достапни сите резолуции од 24,1 милион пиксели, без намалување на острината. Брзиот систем на автоматски фокус со 51 пиксел и континуирано фотографирање со голема брзина се идеални за снимање предмети во движење, се наведува во соопштението на ЕИСА.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О