Nokia подготвува свој Windows таблет

Она што е засега сигурно (колку што може да се биде сигурен од шпекулации) е дека финскиот гигант ќе си ја испроба среќата со Windows RT таблет. Ова е изненадувачки со оглед на фактот дека токму Windows RT не е баш најпопуларен меѓу корисниците.

За разлика од Windows 8, RT верзијата работи на сосема различен начин и не му дава пристап на корисникот до desktop апликациите, како на пример Nero, Photoshop и слично. Токму поради тоа, поголемиот дел од корисниците се одлучуваат да доплатат одредена сума (100 до 250 долари) и да купат таблет со Windows 8, наместо RT верзијата.

Останатите шпекулации се однесуваат на хардверот што би бил „позади“ овој таблет, иако сето ова е засега непотврдено. Генерално, се зборува за Snapdragon 800 процесор (еден од најмоќните во светот), надополнето со 2GB RAM и Adreno графичка. Некои извори велат дека процесорот ќе работи на импресивни 2,15GHz, со што дефинитивно би скршил неколку бенчмарк рекорди.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О