На 10-ти Септември Apple ќе ја претстави својата нова линија на iPhone

Настанот ќе стартува во 10 часот по пацифичко време (19 часто по средноевропско) и ќе се оддржи во Купертин, а на поканата пишува : This should brighten everyone’s day (Ова ќе му го разубави денот на секого).
Многумина сметаат дека името на настанот и низата на шарени кругови е всушност најава за евтиниот iPhone за кој долго време се зборува. Како што претходно се шпекулираше iPhone 5C би требало да биде достапен во неколку бои, а со него се очекува и новиот iPhone 5S.

Според гласините Apple би требало да претстави и новитети околу сервисот iTunes Radio, кој ќе биде одговор на популарните streaming сервиси, како на пример Spotify. Исто така се очекува и претставување на последната final preview верзија на iOS 7 пред неговото објавување.

Само ден по калифорниската конференција Apple ќе организира посебно претставување за кинеските медиуми. Тоа ќе биде првото такво претставување во Кина со што се најавува и можната соработка меѓу Apple и China Mobile, најголемиот телеком оператор во оваа земја. Со овој договор Apple и официјално ќе влезе на најголемиот пазар.
Претходно се најавуваше и лансирање на новите модели на iPad и iPad mini, но многумина сметаат дека тоа нема да биде на 10-ти септември.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О