Скандал: Инцидент меѓу полицијата и Комитите во „Борис Трајковски“(ФОТО+ВИДЕО)

Вардаровите навивачи „Комити“ повторно беа во клинч со полицијата и поради судирот, делегатот на мечот реши да го прекине на момент мечот по 22 минути игра во првиот дел од дербито. Полицијата без потреба предизвика инцидент, и тоа за еден шал на Металург, кој неколку Вардарови навивачи сакаа да го запалат.
Дваесетина припадници на специјалните сили ЕБРД решија да интервенираат, па со пендреци ја нападнаа половина трибина, на што возвратија „комитите“ и на крај ги избркаа полициските сили на врвот на трибината.
За „Комити“ ова е прв меч на кој се појавуваат поради бојкотот што го имаат со фудбалскиот клуб и инцидентите пред и за време на мечот со Стеауа во квалификациите за ЛШ пред месец и половина, кога и не беа пуштени на својата трибина.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О