Загрижувачка анкета во Скопје: Имаат секс од 15 години, ама не се информирани за ништо!

Мала свесност, безгрижност и неинформираност меѓу тинејџерите за користењето на  кондоми, сексуалната зрелост и одговорност. Ова се заклучоците од анкетата што ја спроведе Дурекс, производителот на кондоми меѓу младата популација.
seks22
Истражувањето се спроведе со цел да се добие појасна слика за сексуалната свесност кај младата тинејџерска популација пред влегување во возраст со активна сексуалност.
-Мотивот за спроведување на ова истражување беше да дознаеме колку тинејџерите се информирани за последиците и ризиците од активниот сексуален живот, па според тоа да креираме кампања која ќе ги едуцира и ќе го олесни влегување на тинејџерите во сексуалната зрелост, за да бидат подготвени и упатени во ризиците од сексуално преносливите инфекции и несакана предвремена бременост, изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Дурекс за Македонија.

Резултатите од анкетата покажаа дека 62% од вкупниот број на испитаници одговориле потврдно на прашањето дали користат кондом при сексуалниот чин. Сепак дадените одговори упатуваат на очигледна безгрижност и голем процент на неинформираност.
-Покрај уживањето при сексуалниот чин коешто треба да биде взаемно задоволство, исто така и сексуалната одговорност е взаемна, а тоа се двата темели врз кои Дурекс се изградил како производ и како бренд. Токму затоа едукацијата на младите ја сфаќаме како наша одговорност и затоа наша цел е: што поголем број тинејџери да знаат како се користат презервативите, како и колку долго се чуваат и дека купувањето кондоми и безбедниот сексуален чин е сечија одговорност“, изјави Елена Гагиќ.

Исто така анкетата покажа дека тинејџерите информациите за употребата на презервативи ја добиваат од интернет 54%, информации прекажани од кругот на пријатели 27%, 17% се информирале од другите медиуми, а 2% информациите ги добиле од разговор со родителите. Додека пак само 5% од испитаниците информациите ги добиле од доктор, што укажува на потреба од спроведување на едукација и пренесување на младите релевантни и точни информации.

-Возраста меѓу 15 и 18 година е исклучително важна за постигнување на сексуалната зрелост на тинејџерите. Во овој период, доаѓа до израз реализацијата на нивната сексуалност, прифаќањето на истата како и оформување на сликата или перцепцијата поврзана со сексот и сексуалниот чин. Многу е важно каква слика ќе изградат за сексот и како ќе ја стекнат одговорноста во врска со сексуалниот чин. Иако тоа е долг  процес, сепак првиот чекор е отворено разговарање, интересирање и дозвола за лесно да можат да прашуваат за сето она што ги интересира. Потребно е да им овозможиме на тинејџерите отворено да разговараат и на правилно место да бараат точна информација, а не да „крадат“ од несигурни и нерелевантни извори, изјави психологот Марија Стефанова.

Анкетата беше спроведена меѓу тинејџери од 15 до 18 години во повеќе скопски средни училишта со различен сoцијален е едукативен профил, медицинско, економско, хемиско, гимназии и во различни делови од градот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О