Најмалото бебе имало само еден месец, но од скопската противпожарна бригада велат дека, за среќа, нема повредени.
- Причината за пожарот си уште не е позната и се работи на утврдување. Важно е што пожарникарите успеаја да го локализираат на време пожарот. Нема повредени, а не е причинета ниту поголема материјална штета вели командантот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски.
Неофицијално еден од станарите се обидел сам да го изгаси пожарот, но отворајќи ги прозорите од подрумот, дозволил кислородот да ги распали пламените.
Чадот потоа од подрумот влегол во становите и ги опколил станарите. Сите што биле во зградата, неможејќи да излезат надвор, биле принудени да стојат на балконите си додека не се расчисти чадот.