Стршлени напаѓаат во Кина, 18 загинати


strshleni

Најмалку 18 лица загинаа во необичен бран напади на стршени во централниот дел на Кина.

Здравствените власти во градот Ангканг, во провинцијата Шанкси, денеска соопштија дека во изминатиов период на подрачјето на градот над 100 лица биле примени на лекување по убод на стршен, од кои 18 починале.

Локалниот државен весник „Хуасхангбао“ објави дека 21 лице починале во болница по убид на стршен.

Според здравствените власти, секоја година во областа умираат по неколку лица по убод на стршен, особено во шумските предели, како и дека годинава е исклучително тешка поради временските промени.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О