ФОТО: Нова хемиско-биохемиска лабораторија за Високата медицинска школа во Битола

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска во Битола пуштија во употреба нова лабораториска опрема, сместена во Kлиничката болница, како дел од апаратурата на Високата медицинска школа при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

lab2
Опремата е во вредност од 28,3 милиони денари, средства со кои Владата и Министерството за образование и наука обезбедија четири нови инструменти со мултипликативен карактер и ќе бидат составен дел на постоечката хемиско-биохемиска лабораторија.

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола Златко Жоглев и директорката на Високата медицинска школа-Битола, Стојна Ристевска ги информираа премиерот Груевски и министерот Спировски дека новата лабараторија има можности за практична примена во повеќе сфери, односно во агрокултурата, екологијата, фармацијата и современата медицина. Со новата опрема ќе се овозможи, хемиска и биохемиска анализа на смеси и соединенија како крв во медицината, земја и воздух кои се значајни за прехрамбената индустрија, додека во сферата на екологијата овозможува анализа на воздухот и мерење на степенот на загаденоста.
lab

Новата опрема во лабараторијата на Високата медицинска школа-Битола ќе се користи за научни цели, но и ќе се стават на располагање на стопанството и прватниот сектор каде заинтересираните субјекти ќе може да вршат истражувања значајни за нивното работење.

- Со новата опрема и вашата стручна оспособеност ќе можете да излезете во пресрет на потребите на студентите, но и на бизнисот. Приватниот сектор има потреба од овој тип услуги, за да не трошат средства во странство и затоа час поскоро треба да ги афирмирате овие придобивки и можности на новата хемиско - биохемиски лабараторија, му предочи премиерот Груевски на менаџментот на Високата медицинска школа во Битола.

Опремата е дел од инвестициите на Министерството за образование и наука за техничко инфраструктурно опремување на високообразовни и јавни установи низ државата, и во таа смисла Владата и во иднина ќе продолжи со својата темелна заложба за развој и инвестиции во нова опрема за образовни и научни цели. 
lab1

Со ваквите инвестиции се подобрува квалитетот на образовниот процес, но воедно истите се користат за потребите на приватниот сектор излегувајќи во пресрет на нивните потреби, беше истакнато за време на денешната промоција на новата лабараторија во Високата медицинска школа во Битола.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О