Група туристи во Калифорнија останале шокирани кога возејќи се на
туристички борд низ каналот Санта Барбара здогледале страшна глетка -
ајкули касапеле тело од мртов кит.
Видеото на туристичката агенција "Island Packers" го прикажува 9 метри
долгиот кит тежок четири или пет тони, како плови на површината, а
најмалку три големи ајкули и неколку мали кружеле околу неговото мртво
тело и се хранеле од него.
Не е познато од што загинал китот, но претходниот ден бил здогледан како
плива помеѓу бреговите на градот Вентура и националниот пар "Channel
Islands".