Погледнете го исправањето на Конкордија во 19-часовната операција (ФОТО+ВИДЕО)

Одговорните ја прогласиле оваа исклучително комплицирана операција како „совршено“ успешна, која инаку е прва некогаш изведена за олку голем брод. Нешто по четири часот утринава се огласила сирената кај островот Гиљо и шефот на италијанската цивилна одбрана Франко Габриели прогласил дека бродот достигнал вертикална позиција и дека операцијата на ротирање е завршена, јавува Ројтерс.

Аплауз се слушнал од пожарникарите во шаторите каде инженерите на проектот прогласиле крај. Еден час подоцна Ник Слоун, јужноафрикански експерт за спасување бродови кој раководи со тимот од 500 луѓе кои го изведуваат овој инженерски комплициран потфат бил пречекан како херој. Слоун операцијата ја подготвувал една година, а самата акција почна вчера наутро и се очекувало да трае 12 часа, но се одолжила.

Конкордија ноќта на 13 јануари 2012 удри во гребен во близина на островот Гиљо и се преврти кога низ процепот долг 53 метри водата навлегла во потпалубите. Од 4.200 патници и екипаж загинаа 32 лица, а телата на две жртви сѐ уште не се пронајдени и се претпоставува дека се на дното на бродот.

Целата операција за исправање на бродот била извршена далечински од контролен пункт каде што се наоѓале инженерите од безбедносни причини. Ваква акција досега не била извршена и тимовите кои учествувале во извлекувањето на бродот предупредиле дека постојат ризици, пред сѐ опасноста бродот да се распадне на делови при извлекувањето, бидејќи никој не знаел во каква состојба е потопениот дел.

Бродот „Коста Конкордија“ е долг 290 метри и тежок 114.000 тони. Во процесот на подготовка на конструкциите предвидени за исправање на бродот биле употребени 30.000 тони челик. Конкордија на пролет ќе биде одвлечена од островот Гиљо и ќе биде претворена во отпадно железо. Во следните месеци ќе се поправа потопената страна за бродот да може да го издржи влечењето и силните морски струи во претстојните зимски месеци.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О