Сигурни ли сте дека утрово го облековте вистинскиот пол ?”, Има една
голема тајна за сексот: На многумина не им се допаѓа”, Биди маж,
оженствени се”, Сите ќе умрете, некои после, некои сега”, се само дел од
пораките кои ги зачудија и им ги дигнаа веѓите на многумина скопјани.
Билбордите со илустрации (цртежи) од луѓе комбинирани со пораки се дел
од уметничкиот проект насловен Сета убавина мора да умре”, плод на
работата на авторот Велимир Жерновски.
Билбордите со цртежи од човечки фигури и невообичаени пораки кои пред
околу една недела се појавија во Скопје се уметнички проект, но за
некои од жителите пораките се вознемирувачки, па дури и навредливи,
пишува Вечер.
Проектот бил поставен на јавните површини во градот по повод Денот на
независноста и, како што објаснуваат дел од домашните портали,
претставува уметничка критика на основните претпоставки на
државотворноста и независноста.