Долгот на Франција ќе достигне речиси 2.000 милијарди евра во 2014

Според информациите кои ги објави париски „Фигаро“, долгот на Франција ќе достигне рекордно ниво од 95,1 отсто од БДП, далеку од предвидувањата дадени пред шест месеци од Брисел, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според „Фигаро“, француската Влада во текот на идната недела ќе ги даде бројките за предвидувањата за задолжувањето на Франција за крајот на 2014 година.
Кон крајот на идната година долгот на Франција ќе треба да достигне 1.950 милијарди евра. Оваа бројка според весникот близок до десницата, претставува зголемување на долгот за 120 милијарди евра за две години. Ова ниво на задолжување на Франција, практично значи дека секој нејзин жител просечно должи околу 30.000 евра.
Опасноста е зголемувањето на каматните стапки, кои во моментов се доста ниски за заемите кои ги прави француската држава на финансиските пазари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О