Разликата меѓу мажите и жените кои користат интернет е 200 милиони

internetМажите на интернет се за околу 200 милиони повеќе во однос на жените, укажува новото истражување на Обединетите нации (ОН). Тие предупредуваат дека разликата може да се зголеми ако не се преземат мерки, соопштува интернет изданието ZDNet.

Околу 1.5 милијарди луѓе на интернет се мажи. Дамите, кои се 1.3 милијарди, почнуваат да користат интернет подоцна и со побавно темпо, покажува истражувањето. Според нивната прогноза, ако трендот продолжи, тогаш за 3 години разликата помеѓу двата пола во мрежата ќе биде 350 милиони во корист на мажите.

Разликата е релативно мала меѓу корисниците во развиените земји. Во земјите во развој, сепак таа е значително поголема, каде често компјутерите и електрониката е скапа и се смета дека е за луѓе со висок статус и се користи од страна на мажите.

Студијата на ОН покажува дека во просек за 21% е помалку веројатно жените во светот да поседуваат мобилен телефон. Тоа ја прави разликата меѓу двата пола околу 300 милиони во корист на мажите, сопственици на сличен уред.

Според истражувањето, оваа разлика може да се користи од страна на производителите на електроника како нов сегмент за развој. Жените можат да се целна група на бројни пазари, претежно во Индија и Кина, каде што дури и операторите и креаторите на апликации можат да создадат специјализирани производи за нив. Тоа ќе ги зголеми не само нивните приходи, но и ќе помогне за намалување на големата разлика меѓу двата пола и потрошувачката на технолошки производи и услуги, сметаат од ОН.

Една од другите наметнати предности е подобрувањето на целокупниот бруто домашен производ на земјите. Според анализата, 10% зголемување на бројот на луѓето со широкопојасен интернет, ќе доведе до 1.38 % зголемување на БДП. А ако уште околу 600 жени и девојки имаат пристап до интернет, тоа ќе ја зголеми големината на индустријата за нови 18 милијарди долари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О