Дали и Ивона Талевска учествувала во заверата за бришење на Миленко од Фејсбук?!

milenko nedelkovskiОткако вчера од Фејсбук беа избришани профилите и фан страната на Миленко Неделковски, познат по употребата на говор на омраза и навреди, се раширија повеќе теории за тоа кој е виновен/заслужен за ова.

Новинарот Зоран Божиновски, се пофали дека токму тој е одговорен за ова и дека во отстранувањето на Миленко од Фејсбук му помогнал 17-годишно момче.
Миленко, пак, имаше друга теорија.

- Стејт департментот на САД по барање на САД амбасадата во Скопје предводена од амбасадорот Пол Волерс и неговиот помошник Митко Бурчевски, заедно со колабрационистите од Сорос, направија се да замре слободата на говор и информација во Македонија што НИМ НЕ ИМ ОДГОВАРА. Затоа се потрудија да ги избришат моите два профил и фан страната што собираа над 25.000 читатели – напиша тој вчера на новиот Фејсбук профил.

Водејќи се од теоријата на Миленко, ние би сакале да посочиме на еден интересен детал кој ни падна во очи читајќи го неговото објаснување. Како што Либертас објави вчера, во петокот на прием кај американскиот амбасадор Пол Волерс биле неколку уредници од електронски и печатени медиуми, но тие не успеале да дојдат до збор со амбасадорот оти тој се повлекол на страна со уредничката од Сител и Вечер, Ивона Талевска, и речиси цел час разговарале со тивок тон меѓу себе.

Не би сакале да инсинуираме ништо, но само би сакале да му посочиме на Миленко на ова и да го предупредиме да внимава со кого се дружи, бидејќи бришењето на неговите профили и фан страна од Фејсбук (според него, од страна на САД и Сорос) се случи на само 3 дена по едночасовниот разговор помеѓу Талевска и Волерс.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О