Потрошила 23.500 евра за да изгледа како Памела Андерсон

Каролин Андерсон  потрошила 23.500 евра  за да изгледа како Памела Андерсон.
Каролин е од Ливерпул и се восхитува на Памела Андерсон уште од девојче, а пред девет години ја направила првата пластична операција на градите за да личат на оние на глумицата. Но, набрзо се појавил проблем со силиконите и морала за корекција да направи уште седум операции.
Ни тоа не ја поколебало Каролин во желбата да се трансформира во Памела Андерсон. Таа желба ја чинела 20.000 фунти за ботокс-третмани, силикони во усните и градите, белење на забите, 15 часа неделно посета на солариум и лажни трепки.
Од целава оваа трансформација сепак Каролин има и некоја полза. Имено, таа толку наликува на глумицата што често ја ангажираат како двојничка на јавните настани во Ливерпул, а од неодамна продава и маички со нејзиниот лик под сопствената марка Пами.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О