Буфон до крајот на кариерата во Јувентус

- Ќе ја завршам професионалната кариера во Јувентус. Се додека не им здосади од мене ќе бидам во клубот, истакна голманот на актуелниот италијански шампион.

Буфон во 2001 година од Парма помина во Јувентус и оттогаш за клубот од Торино има одиграно преку 430 натпревари.

Голманот на Јувентус синоќа во репрезентативниот настап имаше одлични одбрани во победа на Италија против Бугарија, за што доби пофалби од селекторот Џезаре Прандели.

- Не знам која одбрана беше најтешката. Најважно е дека победивме и среќен сум поради тоа, но не мислам дека ова е првпат во 135 репрезентативни настапи да направам нешто добро за Италија, изјави Буфон.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О