Утка на векот: Реал Мадрид за 60 илјади евра не го купил Нејмар!? (ФОТО)

Бразилскиот суперталент Нејмар летово ја засили Барселона за 57 милиони евра со доаѓањето од Сантош, но пред седум години, овој фудбалер со една нога бил на „Сантијаго Бернабе“ во таборот на Реал Мадрид. Но, „кралскиот клуб“ не сакал да го ангажира, оти требало да плати смешни 60 илјади евра.

Нејмар пред седум години бил регистриран од страна на  „кралевите“ за настапи за младинските екипи, но трансферот во последен момент пропаднал. Весникот „Ас“ обелодени сертификат со кој Нејмар во 2006 година бил пријавен од страна на Реал во мадридскиот градски фудбалски сојуз.

Бразилецот бил на проба во Реал на 26 март 2006 година, а само четири дена подоцна управата на клубот видела колкав талент е и му извадила сертификат за да почне да настапува за оваа екипа, и тоа во истиот тим со Карвахал и Сарабија, кои во тоа време важеле за најголеми шпански надежи во својата генерација.
Но, „кралскиот клуб“, кој троши милиони евра за врвни засилувања, како последниот рекорден трансфер на Герет Бејл од сто милиони се откажал од ангажманот оти им биле побарани смешни 60 илјади евра (една четвртина од неделната платата на Роналдо или Бејл) од менаџерот што го донел Бразилецот.

На крајот Нејмар се вратил во Сантош и по седум години за 57 милиони евра го засили големиот ривал на „кралевите“, Барселона. Што е уште поинтересно, мадриѓаните во изминатите две години беа во тесна трка за потписокт на Нејмар иако можеа да го донесат за илјада пати помалку пари. 


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О