Дали ве фаќа замор сред бел ден? Еве што треба да јадете и да пиете



Дали се чувствувате тромаво, уморно и ништо не ви се прави? Дремете зад бирото? Не треба да посегнувате по енергетските пијалаци. Обидете се со некоја од овие намирници, сигурно ќе добиете енергија







Спанаќ
Дали постои нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К (за коските), лутеин (за очи), а некои истражувања покажуваат дека им помага на мускулите за време на вежбањето. Но, во него има и многу железо, што значи дека може да ве “подигне” кога сте уморни.
Сок од портокал
Витаминот Ц помага во производството на карнитинот, кој што ги претвора мастите во енергија. А со чаша свежо исцеден портокал, плус многу овошје и зеленчук (пиперки, брокула, јагоди) ќе имате премногу енергија.
Банани
Уште една намирница полна со хранливи материи. Бананата ќе ве снабдува со енергија и ќе го одржи стабилно нивото на крвниот шеќер.
Јајца
Протеините од јајца, особено оние од белките, ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме нашата концентрација.
замор1
Грчки јогурт
Крем посластицата ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт, која ќе помогне во одржувањето на нивото на енергија.
Квиноја
Оваа намирница кај нас е запоставена, а може да се набави во сите продавници за здрава храна. Нејзините комплексни јагленохидрати го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што значи дека енергија нема нагло да ви опаѓа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О