Избраниците на Хавиер Пасквал се „пофалија" со двата трофеи освоени
во првиот дел од сезоната – пехарите од ИХФ Супер Глоуб и од шпанскиот
Суперкуп.
Околу 76.000 навивачи бурно ги поздравија Лазаров и неговите колеги, кои на теренот беа заедно со своите деца. Се чини дека Лазаров им донесе среќа
на фудбалерите, кои со гол во последната секунда ја победија Севилја.