Славната пејачка ќе ја прими наградата на настанот „Жените во музиката“ кој ќе се одржи на 10 декември во Њујорк.
- Бев апсолутно шокирана и изненадена кога слушнав дека Billboard ме прогласиле за Жена на годината. Ова досега беше извонредна година и многу сум им благодарна на радиото што остана покрај мене, на фановите и пријателите и на сите неверојатно талентирани луѓе со кои имав среќа да соработувам за овој албум – изјавила Пинк.
Минатата година титулата „Жена на година“ ја доби Кети Пери, а претходни добитнички се и Тејлор Свифт и Бијонсе.