На концертот во Бразил, Бијонсе се најде во прегратка на обожавател кој
ја повлече од сцената и ја турна во публиката. Сепак се добро се заврши.
Таа
во неделата настапуваше во Сао Паоло. Во текот на концертот застана на
малата сцена која е опкружена со публика. Во еден момент се наведна да
се поздрави со обожавателите, а еден од нив скокна по неа.
Со брзата реакција на обезбедувањето, Бионсе се врати на сцена, а обожавателот без маица го одвоија од својата омилена пејачка.
Кога се врати на сцената го крена знамето на Бразил и рече дека се е во ред.