Во славното семејство Бранџелина важи следново правило:
во секоја земја која ја посетуваат во светот, нивните деца треба да ги
пробуваат специјалитетите од локалната кујна.
Во Австралија, каде Анџелина снима нов филм, нејзините деца биле
хранети со кенгурско месо и ларви. ”Туристичкиот водич ги одведе во
специјализиран австралиски ресторан, каде што јадеа пица со месо од
кенгур и ној”, откри извор за весникот “Сан”.
Децата на Бред Пит и Анџелина Џоли се осмелиле да пробуваат и вкусни
ларви, кои се омилен деликатес за локалните Абориџини. ”Червејчетата” се
богати со протеини и може да се консумираат на два начина: пржени или
сурови. Според познавачите на вкусовите тие личат на јајцата.
Ќе потсетиме дека неодамна Бред создаде по барање на своите деца зоолошка градина во француската палата. Меѓу жителите таму е и нојот, истиот кој тие се вскусиле во форма на пица.