Заев: Власта продолжува со „гнасната кампања“

Зачестените нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз мене претставуваат продолжување на нивната „гнасна кампања“, напиша на својот фејсбук-профил лидерот на СДСМ.

- По долгогодишна ескплоатација на еден вид напади врз СДСМ, тие сега бараат „ново сениште“. Сепак, СДСМ е преокупирана со својата програма, а не со ВМРО ДПМНЕ. Работиме на тоа на граѓаните да им понудиме нови перспективи, нова иднина, нешто поразлично од она што повеќе години го нуди ВМРО ДПМНЕ, а поради што земјата назадува, а граѓаните сè повеќе незадоволни и посиромашни. Доколку нешто не е во ред со јавните набавки во Струмица, бидете сигурни дека оваа власт, која не е толерантна, веќе ќе имаше започнато со апсења, а немаше да се занимава со пропаганда преку партиски прес-конференции - вели Заев.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О