Агресивната кампања на Microsoft против таблетот на
Apple, iPad, продолжува со зголемена брзина. Овојпат, компанијата од
Redmond им нуди на потрошувачите 200 долари доколку го заменат својот
iPad за Surface таблет...
Секако, не можете да ги трошите овие пари било каде, туку ќе бидете обврзани да купите нешто од продавницата на Microsoft. Тоа значи дека можете да се одлучите на Surface Pro или Surface RT таблет, но бидејќи станува збор за кредит во продавницата, можете да купите било кој друг производ.
Оваа агресивна кампања на Microsoft ќе трае до 27-ми октомври...се прашуваме само што ќе се случи со сменетите iPad-и? :)