Одењето во сон се поврзува со стрес и несоница а овој феномен го следат бројни митови.
Според досегашните сознанија,
месечарењето најверојатно е поврзано со генетиката, а речиси 80 проценти
од луѓето кои што месечарат барем еден нивен член од семејството во
некој период од животот одел во сон, утврдиле канадските научници.
Иако делува опасно, особено за оние кои
што се сретнале со тоа, научниците тврдат дека тоа е само мит. Ти со
анализа на истражувања спроведени во последните 15 години успеале да
разјаснат вообичаени заблуди.
Мит: Месечарењето во повеќето случаеви е опасно.
Иако може да биде опасно, месечарењето
најчесто трае кратко така што луѓето кои што месечарат не ни стигнуваат
да се повредат. Тие имаат сосема поразлична перцепција на своите
активности од оние дневни и многу снаодливо ги одбегнуваат сите пречки.
Само во ретки случаеви месечарењето трае подолго и може да биде опасно, а
некои од испитаниците дури и возеле автомобил во сон.
Мит: Почесто месечарат возрасните.
Месечарењето се намалува со текот на
годините, а најчесто месечарат деца од шест до 12 години. Во речиси 75%
на случаеви одењето во сон исчезнува со текот на годините. Возрасните
имаат полош сон од децата, а состојбата на длабок сон трае се пократко
поради што еписодите на одење во сон се по ретки.
Мит: Луѓето кои месечарат не се сеќаваат на одењето во сон.
Во фаза на сон различни делови на
мозокот можат да спијат во различно време поради што месечарите
истовремено се будни и спијат. Токму поради тоа можат да се сеќаваат на
тоа, особено возрасните, додека на децата тоа им е тешко.
Мит: Се што прават месечарите прават, прават без причина.
Иако она што го прават месечарите за
оној што ги следи нема никаков смисол, тие точно ги знаат причините.
Месечарите се убедени дека она што го прават додека месечарат тоа би го
направиле така и додека се будни. Така на пример еден од волонтерите во
текот на месечарењето кучето го однел под туш бидејќи мислел дека
животното се запалило.
Мит: Месечарењето не влијае врз будната состојба.
Мит: Месечарењето не влијае врз будната состојба.
Месечарењето влијае врз месечарите во
будна состојба. Одењето во сон најчесто е последица на стрес и
недостаток на сон, а речиси 45 % од месечарите се толку уморни да едвај
функционираат и спијат кога и да им се пружи шанса.