Повеќе американски медиуми вечерва го објавија
идентитетот на човекот за кој тврдеа дека е извршителот на денешниот
напад врз Командата на Воената морнарица на САД, за веднаш потоа да ја
повлечат таа информација.
Повикувајќи се на полициски извори, медиумите објавија дека напаѓачот е
Роли Ченс, пензиониран морнарички офицер.
Но, само неколку минути подоцна, телевизиите
Ен-Би-Си и Си-Би-Ес, кои први го обелодениеја името на наводниот
напаѓач, соопштија дека ја повлекуваат информацијата.
Засега не е познато дали оваа информација е
повлечена затоа што не е точна или пак затоа што тој е идентитетот на
убиецот, но полицијата се уште не сака да го објави во јавноста.
Претходно, вашингтонската полиција потврди дека напаѓачот е убиен, но не го соопшти неговиот идентитет
При нападот врз седиштето на американската Воена
морнарица, што се наоѓа во јужниот дел на Вашингтон, загинаа најмалку
четири лица, а 11 се ранети.