Руски воени бродови минаа низ Босфор

rusiaРускиот разузнавачки брод ССВ -201 премина синоќа преку Босфор. Бродот е дел од руската црноморска флота во Севастопол и крајна дестинација му е Средоземното Море, јавија руски медиуми повикувајќи се на воени извори.


Откако разузнавачкиот брод мина низ Босфор, два други руски воени брода – Минск и Новочеркаск навлегоа во Босфор, исто така на пат кон Средоземното Море.
Минувањето на воените бродови низ Босфор траеше неколку часа.
Според аналитичари, Русија испраќа воени бродови во Средоземното Море за да го засили присуството имајќи предвид евентуална воена акција од Западот врз Сирија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О