Сајмон Кауел за првото дете: Нема да му оставам ниту долар наследство!

Иако ќе го добие своето прво дете, Сајмон Кауел не размислува за тоа да му остави наследство на момчето.
Иако ќе го добие своето прво дете, Сајмон Кауел не размислува за тоа на детето да му препише дел од своето наследство. Неговот богатство се проценува на 360 милиони долари. Сопственикот на лиценцата за шоуто X Factor изјавил дека парите порадо би ги дал во добротворни цели.

„Парите ќе му ги оставам некому на кого му требаат. Ќе ги поделам на децата и на напуштените кучиња“ – изјавил тој.

Додал и дека не верува дека е потребно предметите да се пренесуваат од генерација на генерација.

„Наследството треба да биде доволно само ако на некого му давате прилика и тој да може да направи нешто добро“ – изјавил за магазинот Esquire.


„Многу луѓе кои одат во пензија го мразат своето работно место и им се допаѓа идејата веќе да не мораат да работат ништо. Мене ме ужаснува таа идеја и најверојатно ќе работам и кога ќе имам 90 години“ – додал.
Со Лорен Силверман ќе го добие своето прво дете. Нивната романса го изненади целиот свет, бидејќи Лорен е се’ уште сопруга на најдобриот пријател на Сајмон.

Нејзин сопруг, со кого моментално е во бракоразводен процес, е Ендрју Силверман. Лорен е помлада од Сајмон 17 години, а во врска се веќе година дена.

Јавноста ја нарекува „спонзоруша“, и „качувачка по социјалните скалила“, а оние кои ја познаваат тврдат дека е од сиромашно семејство и нејзина најголема амбиција отсекогаш била богато да се омажи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О