Кавказ: Исламисти се борат на странта од Сирија

Исламисти од Кавказ си формирале милитантна група, која се бори во Сирија на нејзина страна и на сириските бунтовници, се тврди во видео запис што го објави опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права во Лондон
На видео снимката се појавува маж во маскирна униформа кој стои пред група вооружени лица за кои тврди дека во Сирија  дошле од Кавказот и од Русија со цел да водат света војна (џихад).
Муџахедини од Кавказот и Левентот  се нарекува групата - според него. Покрај тоа таа не е  поврзана со огранцоите на Ал Каеда во Сирија – Џабхат ан Нусра и Исламска држава во Ирак и Левентот, кои важат за најмилитантни сириски бунтовнички формации.
Првиот човек на Сирискиот центар за мониторниг на човековите права, Рами Абдул-Рахим изјави дека снимката е направена во северната сириска провинција Идлиб.
Според различни извори, на страната на бунтовниците во  Сирија во моментов се борат неколку илјади странци, во најголемиот број радикални исламисти.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О