Три руски воени бродови влегле во Босфор на пат кон источниот дел на Средоземно Море

Три руски воени бродови навлегоа денеска од Црно Море во Босфорот, од каде ќе заминат во источниот дел на Средоземно Море во близина на сириското крајбрежје.

Бродот за електронско разузнавање од типот ССВ-201 „Пријазовје“ е придружуван од двата големи десантни брода „Минск“ и „Новочеркаск“.

Според воен извор, бродот „Пријазовје“ во неделата испловил од украинското пристаниште Севастопољ, каде се наоѓа руската Црноморска флота, во „мисија во источниот дел на Средоземното Море“.

Русија има постојаното присуство на неколку воени бродови во овој дел од Медитеранот и редовно врши ротирање на бродовите од почетокот на сириската криза пред две и пол години.

Русија уште од времето на СССР користи воена база во сириското пристаниште Тартус, на 220 километри северозападно од Дамаск.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О