Фотографија од бебето на Фејсбук, еден час по раѓањето

Околу 75 проценти од родителите објавуваат фотографија од своето новороденче на социјалните мрежи, и тоа во првите 60 минути од раѓањето на детето, покажува истражувањето кое го спроведе сајтот „Portretista“.

„Најпопуларни интернет страници за објавување на првите фотографии на бебињата за 77 проценти од родителите се Фејсбук и Инстаграм“, објави „Дејли Меил“.

Околу 64 проценти од 2.500 родители на деца на возраст до пет години признаваат дека повеќе пати дневно ставаат слики од своите деца на социјалните мрежи, додека 21 процент тоа го прават неколку пати во месецот. Само шест проценти од родителите никогаш не ставиле, ниту пак планираат да стават слика од децата на Фејсбук, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе ја нарушат приватноста на семејството.

Родителите велат дека поставуваат фотографии од своите деца на интернет бидејќи сакаат да им ги покажат на роднините и пријателите кои живеат во странство, но и дека на тој начин ја изразуваат својата љубов кон детето и на едно место ги собираат своите спомени.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О