Албанија и Косово ќе ги поддржат САД за нападот

USA-flag
Соочени со постојани прашања за тоа кои држави конкретно ја поддржуваат интервенцијата против Сирија, американскиот Стејт департмент вчера излезе со список на девет земји, меѓу кои и Албанија и Косово.


Џен Псаки, портпарол на Стејт департментот, беше прашања за најавата на државниот секретар Џон Кери дека девет држави понудиле дале поддршка за воената интервенција. Псаки ги наведе Австралија, Албанија, Косово, Канада, Данска, Франција, Полска, Романија и Турција, но потоа додаде дека се работи за земји кои не мора активно да учествуваат во операцијата.

Кери во своето сведочење пред Претставничкиот дом во средата ја наведе и Босна како земја која ја поддржува интервенцијата, но според Псаки тоа не е случај.
Портпаролката рече дека разговорите на Стејт департментот со голем број на држави се уште се во тек. Според Псаки, 80 држави или организации потврдиле употреба на хемиско оружје во нападот во близината на Дамаск на 21 август, 50 држави тоа јавно го соопштиле, а најмалку 30 држави јавно или приватно потврдиле дека го сметаат режимот на диктаторот Башар ал Асад за одговорен за нападот, и девет поддржуваат воена интервенција на САД.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О